Приведени тројца крадци, расчистени пет кривични дела, одземеното вратено на сопствениците
На 30.06.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела Вода при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.
Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела. Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите…
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се…
Драма во странска амбасада во Македонија: Маж…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Таткото на Меган Маркл е пуштен во…
Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…
Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…
Претседателството на Македонската академија на науките и…