Приведени тројца од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол
Три лица биле лишени од слобода во текот на денешниот ден, а нивните возила биле одземени поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 17:30 часот на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода кумановецот Б.Ѓ., на возраст од 35 години. Имено, при контрола, полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено, појаснија од МВР.
Претходно, во 13 часот на улицата „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишиле од слобода скопјанецот И.Џ., на возраст од 20 години.
– При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, додадоа од МВР.
Во 12:40 часот пак, на патот Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода кумановецот Ш.А., на возраст од 31 година.
– При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, наведоа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…