Приведени 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под алкохол, еден малолетник без возачка
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, објави 4news.mk Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол.
Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во Охрид и Тетово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, по еден возач во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и две лица во Прилеп, управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата уапси 16-годишник – возел „ауди“, а…
Малолетник возел „ауди“ без да има положено…
Прва средба Русија–Германија од 2022 година: Берлин…
По речиси четири години практично замрзнати односи,…
Европа размислува за „член 5“ на ЕУ…
Европските држави разгледуваат нов механизам за заеднички…
Петмина уапсени кај американска база во Британија…
Британските антитерористички служби отворија голема истрага откако…
СДСМ бара стопирање на Просторниот план поради…
СДСМ бара стопирање на Нацрт-просторниот план, обвинувајќи…