Објавено на:

Приведено лице во штипско, затекнато како потпалува сува трева

t

Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни.

Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип.

-Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З. – стои во соопштението.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…

Штип денеска добива нов, современ спортски објект…

Повторно работи филтер-станицата во Штип

Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

Директорот на штипската болница: Ако се докаже…

*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…

Девојка остана во инвалидска количка по царски…

По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…