Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

t

 Полициски службеници од Скопје вчера привеле 24-годишен возач, поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.

Како што инфирмира МВР, вчера во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по итна постапка. Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…