Приведен велешанец нудел поткуп за да го ослободат па доби уште една кривична!
Полициски службеници во Велес денеска го привеле И.Д.(24) поради сомнение дека извршил кривично дело „давање поткуп“, по член 385 ст. 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул. „Димитар Влахов“ во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан велешанец нападнал полицаец
На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица…
Изборен поткуп во Албанија, за глас се…
Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат…
Барале и примиле поткуп од 20.000 евра…
Директор на здравствената установа е уапсен пораади…
Велешанец пронајден мртов во неговиот двор со…
Во СВР Велес вчера во 13.25 часот…
Истрага за поткуп и проневера во СОЗР
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од…