Објавено на:

Приведен велешанец нудел поткуп за да го ослободат па доби уште една кривична!

t

Полициски службеници во Велес денеска го привеле И.Д.(24) поради сомнение дека извршил кривично дело „давање поткуп“, по член 385 ст. 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул. „Димитар Влахов“ во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Полицаец на „Ќафасан“ примил поткуп за да…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Приведен водич во автобус во кривопаланечкиот регион…

Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот…

Бугарското МВР разби група со 200.000 евра…

200.000 евра распределени во пликови за купување…

Две лица од Крушево обвинети за поткуп…

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33)…