Приведен возач од Крива Паланка – возел со 142 км/ч на пат со ограничување од 70 км/ч

t

На 19 април 2025 година, во 11:30 часот, на патот кон селото Гиновце во општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го привеле Т.М. (47) од Крива Паланка.

Тој управувал возило „БМВ“ со регистарски таблички од Крива Паланка со брзина од 142 км/ч, иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е 70 км/ч.

Возачот бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…