Приведен гостиварец, пронајдени дрога и оружје
Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 18 часот и 40 минути, на улица „Вонвардарска“ во Тетово, го лишиле од слобода М.Т. (28) од гостиварско Неготино.
Како што соопшти МВР, при негов и преглед на патничкото моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое М.Т. го управувал, биле пронајдени и одземени: ловечка пушка со 3 патрони, пиштол со 5 куршуми калибар 7,65 милиметри и марихуана.
Пушката и пиштолот тој ги поседувал без потребните документи. М.Т. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, додава МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…
60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
САД потврдија дека имаат оружје во вселената
САД потврдија дека распоредиле вселенско оружје во…
Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…
Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…
Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…
Бугарија денес ја доби првата исплата од…