Приведен Грузиец, нудел поткуп на Табановце

t

Приведен е Грузиец поради нудење поткуп, соопштија од МВР.

На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кривични за двајца полицајци: Барале поткуп,…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Врховниот судија Наќе Георгиев негира вина: Не…

Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен…

На Табановце и Богородица за влез и…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Приведени две лица поради основи на сомнение…

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници…

Приведен Грузиец, нудел поткуп на Табановце

Приведен е Грузиец поради нудење поткуп, соопштија…