Приведен е и шоферот на Васев, Спиро Дамески, а на сослушување се однесени медицинската сестра Славица Спасовска и секретарката Елена Џонова
Освен поранешниот директор на скопската Клииника за Онкологија, Нино Васев, приведен е и неговиот шофер Спиро, а на сослушување во моментот се медицинската сестра Славица Спасовска и секретарката Елена Џонова, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.
Претходно, директорката на клиниката, Виолета Клисаровска даде изјава во која соопшти дека екс директор, медицинска сестра и вработен на клиниката со полиција се изнесени од Онкологија.
„Фокус“ пред повеќе од десетина месеци го отвори скандалот „Онкологија“ , каде што на површина излегоа сите злоупотреби, кои низ годините биле правени на оваа скопска клиника.
Се почна откако откако објавивме дека сестра крадела цитостатици на Онколошката клиника, и дека таа веќе еднаш била фатена, но била повторно вратена на работа.
Вп повеќето од текстовите индиректно објавивме кои се луѓето, преку кои се правела целата кримнална шема, а денес дел од нив се веќе и уапсени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…