Приведен жител на Порој во Клиничката болница Тетово – се заканувал на вработените и се обидел да нападне лекарка

t

Тетовската полиција информира дека е приведен 46-годишник поради пријава за агресивно однесување во Клиничката болница во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

-Дваесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој, кој претходно се однесувал агресивно на Детското одделение во тетовската Клиничка болница, им се заканувал на вработените, се обидел физички да ја нападне лекарката и ја оштетил влезната врата од амбулантата, информира СВР Тетово.

Во друг случај, за агресивно однесување кон полицајци околу 2 часот и 20 минути, во угостителски објект во тетовско Желино, во кој се спроведувала акциска контрола приведени се Б.Б.(30) од тетовско Џепчиште и Х.И.(38) од кумановско Липково.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…