Приведен Јетон Абдулахи кој вчера постави албанско знаме на манастирот на Попова Шапка
Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.
– Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.
Инфомакс вчера ексклузивно објави дека знамето го поставил Јетон Абдулахи од Тетово, кој очигледно се гордее со чинот кој го изведе вчера, па за тоа се пофали и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…