Објавено на:

Приведен Иларион Алфеев – чешките власти кај рускиот митрополит нашле дрога

t

Во Чешка е приведен митрополитот на Руската православна црква Иларион. Тој е осомничен за поседување наркотици. Како што се наведува на Telegram-каналот на митрополитот Иларион (во светот Григориј Алфеев), приведувањето се случило на 24 мај во Карлови Вари. Автомобилот во кој се наоѓал свештеникот бил запрен по излегувањето од православниот храм на светите првоврховни апостоли Петар и Павле.

„При претресот, во багажникот биле пронајдени четири мали садови со материја од бела боја. Составот, потеклото и природата на супстанцијата треба да бидат утврдени исклучиво со надлежна експертиза“, се вели во соопштението.

Во него исто така се нагласува дека митрополитот Иларион „категорично отфрла каква било поврзаност со незаконско поседување забранети супстанции и смета дека станува збор за провокација“.

Во 2025 година, Иларион беше разрешен од управувањето со Будимпештанско-унгарската епархија и испратен во храмот „Свети Петар и Павле“ во Карлови Вари, по скандалот во кој неговиот келијник Георгиј Сузуки го обвини митрополитот за вознемирување. Иларион ги отфрли тие обвиненија.

Како што пишуваше „Новаја газета“, за време на престојот во Унгарија, Иларион добил унгарско државјанство и лобирал за интересите на Руската православна црква и на патријархот Кирил.

Алфеев дејствуваше и како посредник меѓу руските власти и најтесниот круг на Виктор Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кими Антонели победник на ГН на Италија:…

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…

Инфантино ќе се кандидира за уште еден…

Џани Инфантино ќе се кандидира за уште…

(Видео) Два „ер трактори“ упатени кон Милетино,…

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино…

Путин не покажал подготвеност за компромис

Владимир Путин ги уверил Стив Виткоф и…

Пријави за дури четири залутани куршуми во…

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени…