Објавено на:

Приведен инспектор од УЈП, примил мито за да изврши противправно дејствие

t

Приведен е Ј.К. (63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, тој денеска е лишен од слобода затоа што во својство на службено лице, во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600 000 денари.

„Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се појаснува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…

УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале…

Денеска до полноќ треба да завршиме уште…