Објавено на:

Приведен кавадарчанец: Пронајдена поголема количина дрога

t

Во текот на денот на подрачјето на Кавадарци, во рамки на  полициските активности на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес со цел откривање  на дилери на дрога, околу 16.00 часот во близина на паркот во Кавадарци лишен е од слобода П.Ќ.(27) од Кавадарци.

Кај него полициските службеници пронашле поголемо пакување амфетамин, а подоцна во неговиот дом предал уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет.

Лицето е приведено и во координација со Јавен Обвинител од ОЈО Кавадарци против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре нема плаќање во готовина во…

Од утре патниците во градскиот и приградскиот…

Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…

Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…