Приведен косовски државјанин, управувал украдено возило кое се бара во Холандија
Полицијата синоќа, во 19.30 часот, на Граничен премин „Долно Блаце“ го лишила од слобода Ш.К.(38) од Косово.
Како што соопшти МВР, при преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека тоа било украдено и за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.
Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Таткото на Меган Маркл е пуштен во…
Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…
Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…
Претседателството на Македонската академија на науките и…
„Максим е патриот на батерии од Кина“…
Алијансата на Албанците реагира на најавите на…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…