Приведен кочанец без возачка дозвола, во возилото пронајдени 1.848 парчиња брендирана облека
Полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки вчера околу 18 часот во Кочани привеле 37-годишен жител на градот, откако при контрола било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола, а во автомобилот била пронајдена поголема количина брендирана облека.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.А. (37) од Кочани, било констатирано дека возачот не поседува возачка дозвола.
При извршениот преглед на возилото, полициските службеници пронашле вкупно 1.848 парчиња брендирана роба, меѓу кои маици, тренерки, шорцеви и дуксери.
Поради сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик, лицето било лишено од слобода и предадено во Полициската станица во Кочани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…
Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…
Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…
Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…
ВИ-агент на „Опен еј-ај“ повторно проби на…
Од „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопштија дека уште…
Србија ja продолжи забраната за извоз на…
Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…