Приведен крадец во радовишко, следува пријава

t

На 30.08.2024 во 08.35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци, при што одзел пари. Кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23.08.2024 извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспектор нападнал полициски началник во просториите на…

Инспекторот Б.И.(39) од село Ињево, радовишко вчера…

Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП…

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од…

Радовишанец чувал букет марихуана дома

Денеска (07.09.2024) во 06.40 часот полициски службеници…

Приведен крадец во радовишко, следува пријава

На 30.08.2024 во 08.35 часот, полициски службеници…

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО PАДОВИШ

На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш…