Уапсен е мажот од Радовиш кој на „лајв видео“ ја тепаше својата жена
Лицето кое денеска стана популарно на социјалните мрежи, маж од Радовиш, кој на Лајв видео ја тепа својата сопруга, вечерва е уапсен, потврдија од МВР за Прес 24.
Против него ќе следи соодветна постапка, ни изјавија од полицијата.
За потсетување, претходно денеска на Интернет сепрошири шири вознемирувачка снимка на која се гледа како маж брутално тепа жена во живо на „ТикТок“, со повик до надлежните итно да реагираат.
„Денес добивме нова дојава од граѓани каде ликов јавно и на „Live“ ја тепа бремената жена. Видеото е во објавата жената плачи и моли да не ја тепа!!! Лицето е од Радовиш. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да го уапси ова лице, бидејќи ова може да има фатални последици по животот на бремената жена. Сите информации се добиени од загрижени граѓани. Ве повикуваме веднаш ваквите насилници врз жени и неродени деца да бидат уапсени!!! Ова е веќе од јавен карактер каде цела јавност гледа ИЗЖИВУВАЊЕ на live!!!“, пишува во објавата.
На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.
На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена. Мажот е од Радовиш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
После часови борба, изгаснат пожарот во „Декортекс“…
Вчера во Т.П.П.Е Радовиш пријавен пожар во…
(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна…
Голем пожар избувна во Радовиш, каде според…
Депонијата е потрупана и во наредните денови…
Градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец, информираше дека…
Наместо бука однеле тополи за огрев: Загрижени…
Копманијата „Ивели Дооел Радовиш“ ги добила тендерите…
Тешко повреден велосипедист во Радовиш, бил удрен…
Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш…