Приведен крадец во радовишко, следува пријава

t

На 30.08.2024 во 08.35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци, при што одзел пари. Кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23.08.2024 извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После часови борба, изгаснат пожарот во „Декортекс“…

Вчера во Т.П.П.Е Радовиш пријавен пожар во…

(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна…

Голем пожар избувна во Радовиш, каде според…

Депонијата е потрупана и во наредните денови…

Градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец, информираше дека…

Наместо бука однеле тополи за огрев: Загрижени…

Копманијата „Ивели Дооел Радовиш“ ги добила тендерите…

Тешко повреден велосипедист во Радовиш, бил удрен…

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш…