Приведен крадец по распишана централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна
Денеска (13.07.2023) во 14.35 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода Р.Е.(25) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Струмица, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
Уапсен е претседателот на Парагвај откако пропадна…
Сантијаго Пења, претседателот на Парагвај, е отстранет…
58-годишен гостиварец пронајден мртов
На 06.11.2026 во 19:50 часот, од страна…
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…