Приведен криумчар од скопско, пронајдени 12 мигранти
Денеска (19.07.2022) околу 01.00 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица Богородица го лишиле од слобода А.М.(30) од с.Инџиково, скопско.
Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди а6“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 мигранти од Индија, кои се пронајдени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
-Околу 21.30 часот кај клучка Прдејци, возилото било забележано како со голема брзина се движи кон Гевгелија, а во 21.40 часот А.М. со возилото ја скршил рампата од кабина за гранични проверки, по што тој и мигрантите се дале во бегство. Набргу, мигрантите биле пронајдени, а по пребарување на теренот бил пронајден А.М. и бил лишен од слобода, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…