Објавено на:

Приведен криумчар од Скопје, пронајдени шест мигранти од Сирија

t

Вчера во 13.50 часот на влезот од с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје.

Како што информира МВР, Б.З. бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

– Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…