Приведен малолетник: Крадел во кругот на Зелен пазар
Малолетник украл паричник од 38-годишниот А.Б. од Скопје на Зелен пазар. Од МВР информираат дека малолетникот е приведен и задржан во полициска станица.
Денеска (25.04.2023) во кругот на Зелен пазар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување кражба на пазарот, при што од лицето А.Б.(38) од Скопје одзел паричник со пари, велат од МВР.
Паричникот е вратен на сосптвеникот, а по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
(Видео) Полицијата го најде и уапси малолетникот…
Во врска со видео објава споделена на…
Уапсен 16 годишник од Скопје: Со други…
Шеснаесетгодишник од Скопје е уапсен откако претходно,…
Тинејџер од Куманово објавил монтирани слики со…
Шестнаесетгодишник од Куманово бил приведен по пријава…
Малолетник од Скопје возел без возачка и…
На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР…