Приведен скопјанец баран со потерница – бегајќи од полиција удрил со возилото во бандера
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 23.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ на РСМ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци, информираат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крушевчанец приведен откако полицијата дома му нашла…
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…
Зеленски против избори за време на војна:…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето…
Трамп обвинет за можен судир на интереси:…
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на…
ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање…
На терен е ангажиран голем број екипи…
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…