Приведен скопјанец: Крадел од возила на паркингот пред Градска болница
На 02.07.2022 во 06.40 часот на ул.„11ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг простор пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од с.Трубарево, скопско.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…