Приведен скопјанец: Се скарал па извадил пиштол

t

На 10.09.2022 на бул.„Никола Карев“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(27) од с.Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено, непосредно пред тоа на ул.„Македонско-косовска бригада“, Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо“, со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби.

По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка и кумановец се степале во авион…

МВР информира дека вчера попладне во 17:00…

30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол…

Лишено од слобода лице од Скопје, признал…

Скопјанец лишен од слобода за криумчарење мигранти…

Лишен од слобода скопјанец за криумчарење мигранти,…

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци,…

Пијан скопјанец, преминал во спротивна лента и…

Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното…