Приведен 15-годишник во Студеничани, управувал „голф“ без возачка дозвола

t

Петнаесетгодишник од скопското село Студеничани е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил без да поседува возачка дозвола.

Според МВР, случајот бил регистриран на 31 август околу 15:30 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје извршувале сообраќајна контрола во селото.

Полицајците запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓал 15-годишник кој немал возачка дозвола.

За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници. По целосното документирање на настанот, против малолетникот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре врнежи и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно со…

Мелони забранува носење на бурки и никаби…

Италија се подготвува да го забрани покривањето…

Пијан Мексиканец нападнал полицајци во Ѓорче Петров

Државјанин на Мексико на возраст од 31…

Чешкиот премиер обвинува: Европа е немоќна и…

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес ја обвини…

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…