Објавено на:

Пригожин не знае дали Вагнер ќе остане во Украина

t

Евгениј Пригожин, кој и понатаму е во расправија со руското Министерство за одбрана, рече дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина на прашањето каде групата ќе се бори понатаму.

„Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина“, рече водачот на платеници, чии војници неодамна го зазедоа Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната битка во војната.

Треба да се напомене дека Пригожин често користи сарказам или иронија во своите изјави.

„Ќе видиме за месец и пол или два дали украинската контраофанзива успеала“.

Тој ја коментираше украинската армија.

„Секоја офанзива и нејзините резултати мора да се оценуваат откако ќе се исцрпи офанзивниот потенцијал на непријателот. Колку што разбрав, украинскиот офанзивен потенцијал е далеку, далеку од исцрпеност.

Ќе бидат потребни месец и пол до два месеци и потоа ќе треба да одлучиме дали ја постигнаа целта или не“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…