Објавено на:

ПРИГОЖИН СЕ ПОВИКУВА НА ЗАКОНИТЕ НА ХУМАНИЗМОТ?! „Борците на Вагнер повеќе нема да го заробуваат непријателот, туку ќе решаваат сè на бојното поле“

t

Евгениј Пригожин, основачот и командантот на приватната воена група „Вагнер“, која се бори како дел од руските сили во Украина, се закани дека борците на таа единица повеќе нема да заробуваат непријателски војници, туку сè ќе решаваат на бојното поле.

Пригожин на својот Телеграм канал објасни дека силите на Украина ги кршат законите на човештвото убивајќи руски воени заробеници.

Тој го коментираше пресретнатиот разговор на припадниците на украинската армија за пукањето на ранет борец на руската јуришна група.

– За тоа аудио-прислушување знаев многу пред да стигне до медиумите. Станува збор за аудио-сведоштво за однесувањето на Украинците кои пукаат во ранети затвореници. Меѓутоа, ние никогаш нема да ги прекршиме меѓународните закони на хуманизмот – рече Пригожин.

Тој објаснува дека „законот на човештвото“ стапува на сила веднаш штом некој е фатен, па тој што го фатил има обврска да му пружи лекарска помош и да не му нанесува дополнителни повреди.

– Нема да ги прекршиме правилата на хуманизмот. Отсега едноставно ќе уништуваме сѐ на бојното поле. Повеќе нема да заробуваме никого – рече Пригожин.

Претходно во пресрет на Велигден, основачот на групата на Вагнер, Евгениј Пригожин, им издаде наредба на своите борци за воените заробеници.

Пригожин им наредил на своите војници да ги пуштат затворениците да одат во своите домови и семејства и да го прослават Велигден.

На видеото се гледа како Пригожин ја издава наредбата, а потоа еден од старешините на „Вагнер“ им кажува на заробените украински војници дека се слободни и можат да се вратат дома кај своите семејства пред да започне Велигден.

Понатаму, на видеото се гледа како „вагнеровците“ ја испраќаат колоната затвореници и им го честитаат празникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…