Признанија од Вашингтон: Американците не го очекувале ова!
Во американската администрација расте загриженоста околу развојот на конфликтот со Иран, откако се покажало дека првичните процени за реакцијата на Техеран биле сериозно потценети. Според информации на американски медиуми, дел од функционерите во Вашингтон приватно признаваат дека ситуацијата се развива многу посложено од очекуваното.
Извори блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврдат дека во Белата куќа не биле подготвени за силниот одговор на Иран, ниту за економските последици што конфликтот ги предизвика на светските пазари. Само десетина дена по почетокот на судирите, цените на нафтата нагло пораснале, берзите реагирале со пад, а глобалните синџири на снабдување почнале да трпат сериозни нарушувања.
Еден од најголемите проблеми се појавил во Ормускиот теснец – клучен морски коридор низ кој поминува значителен дел од светската нафта. Откако Иран се заканил дека ќе отвора оган кон танкери што ќе минуваат низ теснецот, сообраќајот таму речиси запрел, а осигурувањето за бродовите драматично поскапело. Според проценките, поморскиот промет е намален за околу 95 проценти.
Американските власти во моментов се обидуваат да најдат начин како повторно да се воспостави нормален транспорт на нафта, но според некои членови на Конгресот, јасен план за тоа сè уште не постои.
Во меѓувреме, конфликтот продолжува да се продлабочува. Иран одговорил со ракетни и дронски напади врз американски бази на Блискиот Исток, како и врз цели во Израел и во некои сојузнички држави на Вашингтон.
Иако претседателот Трамп јавно тврди дека операцијата против Иран е успешна, дел од аналитичарите предупредуваат дека САД се соочуваат со многу покомплицирана ситуација отколку што било првично предвидено. Во исто време, растот на цените на енергенсите станува и сериозно политичко прашање во пресрет на следните избори во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…