Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња — ќе одговара за уништување заштитени животни
46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава откако полицијата вчера, со судска наредба, извршила претрес во неговиот дом и пронашла десет птици од видот билбилче (Carduelis carduelis). Оваа птица, заедно со околу 130 други видови, е на листата на птици кои се заштитени како „корисни за земјоделството и шумарството“.
„На 12.08.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, поради сомнение за кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна” по член 232-а од Кривичен законик, извршија претрес во домот на Н.Ј.(46) од Прилеп. При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis carduelis и кафез. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…
Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…
46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од…
Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред…
Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…