Примопредадена британската донација за АРМ – Петровска: Заедно сме посилни

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуард Пич и британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, денеска на полигонот „Криволак“ присуствуваа на примопредавањето на британска донација, што вклучува 14 мобилни единици, за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.

– Промоција на британска донација од 14 комплексни мобилни едници, кои ќе слижат за обука на припадниците на нашата, македонска Армија, но се разбира и на сојузничките сили. Вкупната вредност на овој проект е 400 илјади фунти, што е значаен придонес во тоа што значи доопремување и развој на армискиот полигон Криволак, информираше министерката Петровска.

Таа рече дека изминатиов период сите ние имавме можности да го видиме „Криволак“ во различни изданија, односно при спроведување на различни видови вежбовни активности, меѓу кои најголемата што се одржа досега „Свифт риспонс”, штоа е уште еден доказ и показател дека секоја инвестиција во овој полигон вреди.

– Ми претставува чест што денеска со нас е лорд Стјуарт Пич, како и амбасадорот Лосон, коишто лично се уверија и видоа дека оваа донација навистина ќе биде од голема полза за развој на нашите капацитети, нагласи Петровска.

Таа додаде дека Обединетото Кралство останува наш значаен партнер и клучен сојузник, при што земјава, а особено Армијата секогаш може да смета на нивната поддршка, не само како донација, туку и преку зголемување на капацитетите и развој на човечките капацитети во армиските редови.

– Заедно сме посилни, не е само флоскула, тоа е уште еден доказ дека НАТО придобивките за Република Македонија се се повеќе видливи, посочи Петровска.

Лордот Пич, од своја страна, порача дека ова е уште еден доказ за билатералната соработка и билатералното партнерство што постои помеѓу Македонија и Обединетото кралство.

– Особено во овие моменти кога имаме војна на континентот, ова е уште еден доказ дека ние сме тука заедно да настапуваме во поглед на одбраната, во поглед на одвраќањето и во поглед на воспоставувањето на нашиот сојуз во рамките на одвраќањето од агресијата на Русија. Да истакнам дека НАТО е одбранбен сојуз на 30 суверени земји и нашата задача е всушност да претставуваме одбранбена алијанса и уште еден доказ е нашето присуство тука. Тука ќе ја поддржам министерката во нејзината изјава кога кажа дека заедно сме посилни, не е само флоскула, туку е едноставно начинот на којшто ние функционираме и начинот на којшто ние ќе се одбраниме од оваа агресија, нагласи Пич. 

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…