Објавено на:

Принцот Хари во ненадејна посета на Украина

t

Британскиот принц Хари вчера бил во ненајавена посета на Украина, при што ги посетил ранетите војници во болницата во Лавов.

Војводата од Сасекс го посетил центарот „Superhumans“, клиниката во Лавов каде се лекуваат ранетите војници, во придружба на четворица ветерани.

Таа клиника дава бесплатна медицинска помош во областа на протетика, реконструктивна хирургија и психолошка помош, пренесе британски Телеграф.

На фотографиите може да се забележи дека при посетата додека разговарал со ранетите украински ветерани, принцот Хари носел јакна со името на неговата фондација „Invictus Games“.

Тој се сретнал и со украинската министерка за ветерани Наталија Калмикова.

Принцот Хари отишол во Украина откако поминал два дена во Лондон како дел од неговата битка пред Апелациониот суд да добие целосна безбедносна заштита финансирана од даночните обврзници, која му ја укинала британската влада.

Меѓутоа за посетата на принцот Хари се дознало дури откако тој ја напуштил Украина.

Војводата од Сасекс, кој служел во британската армија 10 години, е вториот член на британското кралско семејство кој ја посетил Украина, откако Софи, војвотката од Единбург, минатата година го посетила Киев.

Исто така принцот Вилијам се сретнал со украинските бегалци за време на дводневната посета на Естонија минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…