Припадник на УЧК осуден на 26 години затвор поради воени злосторства!

t

Салих Мустафа, еден од командантите на терористичките единици на УЧК, денеска во Специјалниот суд на Косово во Хаг е осуден на 26 години единствена казна за воено злосторство самоволно лишување од слобода, тортура и убиства.

Мустафа беше осуден за воени злосторства во април 1999 година против шестмина албански цивили затворени во камп на изолиран имот во селото Злаш.

Припадниците на единицата што ја командувал, како и самиот тој, секојдневно ги мачеле овие луѓе, ги тепале со часови, им ја палеле кожата, им ги кршеле коските… Тој е одговорен и како командант на логорот, но и директно вклучен во злоупотребите. Тогаш еден Албанец, за кој мислеле дека не ја поддржува ОВК, бил жестоко мачен со денови и на крајот бил убиен и закопан во плиток гроб.

Тие злосторства се докажани со исказите на жртвите, други сведоци и документација.

Мустафа е во притвор во Шевенинген од 24 септември 2020 година, кога беше уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата…

Меџити наведува дека „пресудата на Хашкиот трибунал…

ВЛЕН: Пресудата против поранешните водачи на ОВК…

Со длабоко жалење и огорченост ја примивме…

„Неправедна и длабоко разочарувачка“: Ахмети за пресудата…

Али Ахмети ја оцени денешната пресуда за…

Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…

Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…