Пристигна закани: Ќе поставиме канистри со нервен гас
Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта.
Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто одделение.
Пријавите пристигнале околу пет часот утринава на адресите на неколку основни училишта во Подгорица. Закани добија и училишта во другите градови.
Неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините вчера добија закани за бомби. Наставата не се одржувала, а зградите биле веднаш евакуирани.
Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за поставени експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.
На е-маил адресите на МВР, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, министерствата и некои медиуми утринава добија закана дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторни направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва и Котор, потврди РТЦГ.
Полицијата ги проверува овие пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…