ПРИСТИГНА ПРОЛЕТТА: Од денеска изутрина во 04:06 часот е пролет, која ќе трае до 20 јуни, а денешниот ден трае 12 часа и 9 минути
Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.
Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Победата на демократите ги потресе светските берзи
По американските индекси на фјучерси, цените на…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Денес се празнува Свети Аверкиј Рамноапостолен
Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј…