Пристигнува првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на скопскиот аеродром

t

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на пристигнувањето на првиот чартер лет на авиокомпанијата „Freebird Airlines“ од Германија, на Меѓународниот аеродорм Скопје.

Како што најавија од ТАВ Македонија, на настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Хорст Жифковиц, главен извршен директор на РСД Реисен и Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Freebird Airlines Europe е потврден како оперативен превозник за голем број чартер летови до Скопје од Германија, Обединетото Кралство и Франција следната година.

Како што беше претходно објавено, услугите ќе започнат на 16 февруари. Freebird неодамна аплицираше за слотови за да работи по еден неделен чартер од Лондон Гетвик и Манчестер до македонскиот главен град.

Се очекува да има летови и од Франкфурт, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз Шарл де Гол, Лион и Марсеј. Freebird Airlines Europe ќе ги одржува услугите во име на германскиот тур-оператор RSD, информираа од компанијата лани во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…