Објавено на:

Притвореник од Кичево го предизвикал пожарот во затворот во Битола

t

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за предизвикување на пожарот во КПУ Затвор Битола.

„На 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение“, соопшти Министерството за внатрепни работи.

Управата за извршување на санкции информира дека на ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во затворот избил пожар во притворското одделение.

„Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран“, изкавија од Управата.

Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола. Нема повредени притворени и вработени лица од Установата.

„Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција. Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот“, соопшти Управата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашен притвор за родителот кој тепаше ученик…

Во домашен притвор е родителот од Битола,…

ТРАГЕДИЈА: 14-годишно дете почина во Битола!

Во текот на вчерашниот ден, во атарот…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…