Притвор за двајцата тетовци кај кои беше пронајдена марихуана
Две млади лица од тетовските села добија притвор од судот откако вчера биле приведени од полицајци затоа што кај нив била најдена дрога.
Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска на Е.И.(23) од тетовска Голема Речица и Б.Љ.(24) од тетовско Долно Палчиште им определил мерка притвор од 30 дена и ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.
-Вчера вечер (8 април) околу 21 часот и 50 минути во Тетово тие биле лишени од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што им била пронајдена и одземена марихуана, инфомираа од СВР Тетово.
Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик
Две млади лица од тетовските села добија притвор од судот откако вчера биле приведени од полицајци затоа што кај нив била најдена дрога.
Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска на Е.И.(23) од тетовска Голема Речица и Б.Љ.(24) од тетовско Долно Палчиште им определил мерка притвор од 30 дена и ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.
-Вчера вечер (8 април) околу 21 часот и 50 минути во Тетово тие биле лишени од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што им била пронајдена и одземена марихуана, инфомираа од СВР Тетово.
Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за семејно насилство во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…
Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…