Притвор за тетовецот што подметнувал пожари низ тетовско

t

Педесет и седум годишниот жител на Мерово, кој од мештаните во село беше пријавен дека предизвикал пожар доби мерка притвор.

Според информациите на СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на А.А (57) од Мерово му определил притвор од 30 дена, по што тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа затвор Скопје за издржување на мерката.

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина, информираа од СВР Тетово.

Тој беше задржан во Полициската станица Тетово, а противпожарникарската единица информираше дека огнот бил изгнасат за два часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…