Објавено на:

Приштина “во офанзива”: Османи ќе бара визна либерализација за Косово

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува попладнево за Чешка, каде што, меѓу другото, ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала и ќе учествува на меѓународната конференција на прашката фондација Форум 2000, на тема „Јасна и сегашна опасност по демократијата: како да реагираме?“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Османи, таа во оваа прилика ќе се заложи за визна либерализација за Косово, со оглед дека Чешка актуелно претседава со Советот на Европската унија.

„Претседателката (на средбите во Прага) ќе го адресира посебно прашањето на визната либерализација за Косово и унапредувањето на европската агенда на нашата земја“, се вели во соопштението.

Покрај со премиерот Фиала, предвидени се средби на Османи и со претседателот на чешкиот Сенат, Милош Вистрчил и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Холандија, Вопке Хоестра, чија земја е една од најскептичните во рамките на ЕУ во однос на укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…