Приштина дава милиони за да ги одбрани лидерите на ОВК
Во периодот од 1 јануари до 31 август, институции на Косово потрошиле 5.485.800 евра за одбрана на лидерите на поранешната ОВК, пренесува Репортерс.
Како што е објавено на веб-страницата Заклетва на правдата, вкупната сума одвоена за 2023 година изнесува седум милиони евра.
Според податоците на Министерството за правда за извршените исплати за правна заштита и финансиска поддршка на обвинетите во судските процеси во Специјализираните совети за 2023 година, вредноста на буџетските средства потрошени за семејни посети изнесува вкупно 96.808 евра.
Најголеми средства се издвоени за одбраната на Јакуп Красниќи во износ од 1.100.000 евра, а потоа следуваат Реџеп Сељими и Кадриј Весели во износ од 880.000 евра.
Во одбрана на поранешниот претседател Хашим Тачи се потрошени 821.820 евра.
За Пјетер Шаља се потрошени 675.000 евра, за Саљи Мустафа 484.000 евра, за Хисни Гучати 363.000 евра и за Насим Харадинај 282.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…