Приштина прогласи руски функционер во УНМИК за персона нон грата, Русија обвини за дpcка антиpyска провокација преземена со цел да се добие наклонетоста на западните ментори

t

Министерката за надворешни работи на привремените институции во Приштина, Доника Гервала Шварц, го прогласи рускиот функционер во УНМИК за персона нон грата.

Во својата објава на Твитер, Гервала Шварц оцени дека Приштина стои на страната на своите сојузници во акција против „злонамерните дејствија кои ја загрозуваат националната безбедност и уставниот поредок на т.н. Косово“.

Прогласувањето на рускиот функционер во УНМИК за персона нон грата од властите во Приштина е провокација, соопшти руската амбасада во Србија.

„Оваа одлука на Приштина ја сметаме за уште една антируска и анти-ОН провокација преземена со цел да се добие наклонетоста на западните ментори. Поаѓаме од фактот дека во согласност со меѓународното право и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, која е клучна за решавање на косовското прашање, тоа нема правни последици“, соопшти руската амбасада.

Руските дипломати сметаат дека УНМИК остро и недвосмислено ќе го осуди избликот на моќта на косовските Албанци. Тие, исто така, ја повикаа администрацијата на ОН во регионот целосно да ја обезбеди безбедноста на своите руски претставници .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…