Објавено на:

Приштина уценува: Прво санкции за Србија, па разговори со Вучиќ

t

Претседателката на приштинските институции Вјоса Османи денеска ја повика Шпанија да донесе мерки против Србија и порача дека нема причина да разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ додека не се усвојат санкциите.

„Нема причина за средба додека не се усвојат санкциите против Вучиќ. Прво санкциите, а потоа можеме да зборуваме за останатото“, изјави Османи во Гранада по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница.

Османи рече дека Шпанија, која претседава со Советот на ЕУ до крајот на годината, придонесува за мирот и стабилноста на европскиот континент и рече дека се надева оти Мадрид ќе сфати дека, како што рече, „ги поддржува агресорите“ по настаните. од 24 септември во Бањска нема да помогне мирот.и стабилноста.

„Се надевам дека Шпанија ќе им се придружи на другите истомисленици во Европа за да усвојат мерки против Србија за овој ужасен чин, не само против Косово, туку против мирот и стабилноста и безбедноста на целиот европски континент“, рече таа.

Османи додаде дека се надева дека ќе има можност за ова да разговара со шпанскиот лидер, но призна дека немаат потврдена средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…