Пријавено е труење со храна кај шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ – Штип

t

Пријавено е труење со храна кај шестмина вработени во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Штип, информираат од штипскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ).

По пристигнувањето на пријавата, како што информираат од здравствената установа, епидемиолози веднаш излегле на терен и презеле мерки согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации.

„Извршен е увид во објектот на операторот со храна кој обезбедува исхрана за правното лице во ТИРЗ – Штип“,се вели во соопштението од ЦЈЗ во Штип.

Оттаму додаваат дека со одговорните лица и персоналот е извршен едукативен разговор за приемот, подготовката, чувањето и складирањето на храната, а дадени се и препораки за отстранување на утврдените недостатоци.

Во рамките на вонредниот надзор е наложено генерално механичко чистење на објектот, како и спроведување дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Извршени се и вонредни санитарни прегледи на вработените, додека од храната и од работните површини во кујната се земени мостри за микробиолошка анализа.

Од Центарот за јавно здравје во Штип најавуваат дека и во наредниот период ќе ја следат состојбата и ќе ја информираат јавноста, а доколку се појават нови случаи, ќе бидат преземени дополнителни мерки согласно законската регулатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…

Загинати и повредени во голем пожар во…

(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…

Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…