Пријавете ако газдата ве тера да ги вратите парите од К-15, oва се казните за нив
Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Регрес им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.
За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
За работодавачите, пак, кои бараат да им се вратат исплатените пари, предвидена е и затворска казна од три месеци до една година.
FacebookTwitterCopy LinkShare
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…