Објавено на:

„Пријателот“ на Мицкоски: Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот!

t

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и претседател на тамошната Комисија за надворешни работи, Бојко Борисов ја коментираше Резолуцијата што беше усвоена од бугарското Собрание за Македонија и напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Имаме Договор за добрососедство и француски предлог, а какви било провокации не се во ничиј интерес. Оваа резолуција уште еднаш нè потсетува дека фундаменталниот документ е Договорот за добрососедство“, објаснил лидерот на ГЕРБ, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој инсистирал договорот да биде почитуван од страна на македонските власти и држава. Притоа, во изјава за тамошните медиуми, Борисов го дефинирал „палењето бугарски клубови и неприфаќањето на Бугарите во Уставот“ како провокација.

„Во исто време издадовме над 100.000 пасоши на граѓани на Република Северна Македонија“, кажал поранешниот бугарски премиер.

ЛИНК од видеото

Претходно Мицкоски, веднаш по изборите во Бугарија, телефонски се слушна со Бојко Борисов. Во разговорот му посака стабилна влада која ќе ги отстрани пречките што го успоруваат македонскиот пат кон ЕУ.

„Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји.

Очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас,“ додава Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…