Објавено на:

При престрелка во Лозница убиен еден полицаец, уште еден тешко ранет

t

Во Лозница е убиен полицаецот Никола Крсмановиќ (34), а полицаецот Вјекослав Илиќ (50) е ранет во рамото, јавуваат српските медиуми. Според неофицијалните информации, во српските полицајци пукал триесет и три годишниот Хајзири Артан од Косово, по кого полицијата сè уште трага.

„Ноќеска, околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле „мерцедес“ во кој имало две лица“, изјави српскиот министер Ивица Дачиќ.

Како што објави Блиц, при излегување од службено возило, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (34) во градите и ранувајќи го полицаецот Вјекослав Илиќ (50) во рамото. На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции во Косово на име Хајзири Артан, извести Дачиќ.

Во меѓувреме сè уште трае потрагата по напаѓачот, на терен се полициски службеници од полициската управа Шабац, како и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, а вклучени се и беспилотни летала и хеликоптери.

Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадниците на полицијата е во тек.
„Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…

Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Детали за пукањето во Лозница: Пронајден косовски…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

При престрелка во Лозница убиен еден полицаец,…

Во Лозница е убиен полицаецот Никола Крсмановиќ…